Во квалификациите за Светско првенство, Бразил со многу мака на свој терен успеа минимално да ја совлада Венецуела во мечот од 3. коло.

Бразилците тргнаа офанзивно, со Ричарлисон, Фирмино и Жесус во нападот, но гол немаше во првиот дел (имаше, а беше поништен со ВАР). Отпорот на Венецуела беше скршен на средината на вториот дел со голот на Фирмино. Со тоа Бразил ја продолжи серијата, има три победи од исто толку натпревари.

Синоќа играа и Чиле и Перу, а на крајот Чилеанците со двата гола на Видал славеа со 2:0.