Македонската женска кошаркарска репрезентација одигра уште еден добар меч во Рига, но за жал ниту овој пат не успеа да излезе како победник, беше совладана од Германија со 59-74 ( 13-17, 20-12, 14-21, 12-24). Не помогна неверојатната партија на Анжелика Митрашновиќ која запиша 30 поени и 6 асистенции, како и на Бонер. Американката имаше дабл-дабл од 14 поени и 11 скока, двоцифрена беше и Трајчевска со 11 поени.

Избраничките на Владимир Ѓоровиќ храбро им се спротиставија на Германките, одиграа храбро и со голема самодоверба. Првата четвртина не ја почнаа најдобро, имаа негатива од 5-15 и 6-17, но носени од неверојатната Анжелика Митрашиновиќ која во овој дел постигна десет поени од вкупните 13 за својот тим намалија на 13-17.

Не застанаа нашите дами, напротив ритамот го заголеми, Бонер и Митрашновиќ беше добитниот тандем за кој Германија немаше одговор. Македонија го сврте мечот во своја корист, на одморот замина со водство од 33-29.

Во третиот период не продолживме најдобро, имавме пад, па поискусниот состав на противникот знаеше како да го казни тоа, дојде на плус осум (40-48), по кој нашите кошаркарки со пет поени намалија  на 45-48.

Се боревме во последната четвртина, Германија имаше контрола, успеваше да одржува водство од пет до осум поени, на крајот ја врати и двоцифрената позитива од поечтокот на дуелот за втор триумф над нашата селекција во квалификациите.

Македонија со четири порази останува на последното место на табелата во групата И, следните дуели ги игра во февруари. Истите ќе бидат чиста формалност, Македонија ги загуби шансите за место на ЕП.