После еден ден пауза и славјето за обезбеденото учество на Европското првенство, националниот тим од денеска повторно е во „погон“. Избраниците на Игор Ангеловски се подготвуваат за дуелот со Естонија, кој утре во 15 часот ќе се игра на Националната Арена Тодор Проески.

Тоа ќе биде претпоследен натпревар во Лигата на Нации за нашата селекција, а потоа следува и последниот со Ерменија.

Составот претрпе неколку измени, односно ќе ги немаме Димитриевски, Пандев и Адеми, а ново име е Дориев. Во составот се врати и Кире Ристевски кој има негативен тест.

Националите го одржаа единствениот и последен тренинг пред Естонија. Еве како изгледаше низ фотогалерија: