Ерменија ја победи репрезентацијата на Грузија со 1:0 и со тоа си ги задржа шансите за освојување на првото место во групата од „Ц“ сегментот во Лигата на нациите. Всушност во последното коло Ерменците играат токму со Македонија и тоа ќе биде директен дуел за првото место. Нам ни треба само бод од тој меч за да бидеме победници во групата.

Ерменците вечерва ја победија Грузија во Батуми со 1:2.  Погодија во првиот дел по брзиот контра напад и додавањето на поранешниот вардарец Барсегјан. Дефанзивците на Грузија не беа внимателни, а Газарјан ја затресе мрежата. Само две минути подоцна истиот играч можеше да зголеми, меѓутоа ја погоди стативата.

 

Во 65. минута Вако од пенал го изедначи резултатот, меѓутоа Грузијците не направија пресврт туку добија уште еден удар во финишот. Адамјан ги шокираше домашните и ја донесе победата за Ерменија.

Ние ги победивме Ерменците во Скопје (2:1), сега поради воената состојба Ерменија домашниот меч со Македонија ќе го игра во Никозија.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore