Стефан Ристовски уште еднаш покажа и докажа дека е еден од нашите најдобри, еден од нашите клучни играчи во репрезентацијата. Секако дека Тричко беше играч на мечот, но Стефан беше командантот. Бескомпромисен, борбен до последен здив за секоја топка. Учествуваше во неколку опасни акции по голот на Естонците, но исто така одличен и во одбраната.

А знаете ли каде играше фудбалерот на Спортинг Лисабон, на која позиција вечерва?

Стефан од Мрме доби задача да ја покрие таа лева бековска позиција. Не ни паметиме кога искусниот класичен десен бек, а веројатно ни тој, кога играл лев бек.

Но својата задача си ја одработи максимално. Нема што, Стефан е ЅВЕР, Стефан е МАШИНА.

Вистински борец, еден од водачите на оваа генерација.

Кога го нема Кире Ристевски, кога Џани е под суспензија, тогаш Стефан е тука, а неговото место на десната бековска позиција одлично ја одработи Егзон Бејтулаи.

Секако, да не претеруваме Естонија е најслабиот тим во групата, се очекуваше наша победа. Но исто така треба да се знае дека игравме без речиси половина стандарден тим. Некогаш на овие мечеви со вакви ривали се “тресевме“, често и губевме, но сега победуваме ако треба и на рутина.

Така и треба. Важно е, најважно е да се победува…

За МАКЕДОНИЈА…