Игор Ангеловски, селекторот на националниот тим на нашата земја ќе вметне во националниот тим тројца нови играчи кои ќе конкурираат за дуелот со Ерменија во Кипар кој е решавачки за првото место во групата.

Па така нови играчи во националниот тим се Дарко Мицевски од Вардар и Томе Китановски од Македонија Ѓорче Петров и најверојатно во Никозија ќе им се приклучи и Душко Трајчевски кој игра во кипарска Докса.

Китановски има еден настап за репрезентацијата и тоа во пријателски меч со Полска во 2012 година. Трајчевски има пет меча но последниот му беше во 2017 година. И Дарко Мицевски има еден настап за најсилната македонска репрезентација.