Марк Гасол е слободен агент и е во потрага по нов тим. Тој раскина со Торонто и сега се обидува да се „смести“ во нова средина, меѓутоа, не сака да игра во било кој тим. Тој јасно им порача на оние кои немаат капацитет за титула да не му се јавуваат.

Ако не сте конкурент за титула немојте да ми се јавувате. Тоа е мојот приоритет, да играм за екипа која ќе се бори за шампионски прстен. Не сакам да играм во екипа која е во фаза на реконструкција, тоа ми нема смисол“, искрено одговори Гасол.