Британецот Луис Хамилтон со денешниот триумф на патеката во Истанбул ја завери седмата шампионска титула во Формула 1 шампионатот. По завршување на трката тој испрати кратка порака: „Ова е до сите деца во светот – сонувајте, соништата се остваруваат“.

Потоа продолжи:

Се сеќавам кога го гледав Михаел Шумахер како освојува трофеи. Да се освои еден е многу тешко, а седум? Седум е незамисливо. Меѓутоа, покажав дека не постои ништо што јас и оваа екипа не можеме заедно да го направиме. Сонував за ова кога бев млад и затоа е важно децата да не ги слушаат оние кои им зборуваат дека некои работи се невозможни. Следете ги соништата и немојте да се откажувате“, изјави Хамилтон.

Инаку Хамилтон стана првиот возач во историјата кој освоил шест титули со иста екипа, но за идната година се уште нема договор со Мерцедес.