Најугледниот шпански весник „Марка“ пишува дека македонскиот репрезентативец Енис Барди, е најдобриот странски играч во историјата на Барди.

Барди пред неколку дена стигна до бројката од 100 настапи во Леванте, што е рекорд за еден странец, но и најдобар стрелец од странските играчи. Пласманот на Европското првенство беше доволен мотив Барди да биде проглсен за најдобар играч во историјата според „Марка“.

„Откако стигна во 2017 година, Барди стана најдобар стрелец странец во клубот. Ова му е четврта сезона во клубот, а со бројот на голови го мина Мустафа Рига. Стигна и до 100 настапи за Леванте, и тој е само деветти играч кој успеал да стигне до троцифрен број настапи во овој тим“, пишува „Марка“.