КРАЛОТ НА фудбалот има специјална порака до КРАЛОТ на Формула 1. Пеле со специјална порака до Луис Хамилтон откако овој вчера ја освои својата седма титула во Формула 1. Со тоа се израмни со легендарниот Михаел Шумахер.

Едвај чекам како ја освојуваш осмата титула. Честитки и продожи да се бориш за сите нас. Ми се допаѓа ова момче затоа што многу го сака овој спорт, исто како и мојот пријател Михаел Шумахер“напиша на Инстаграм Бразилецот и според многумина најдобриот фудбалер во историјата.