И покрај тоа што поради повреда го напушти тренинг кампот на репрезентацијата, добри вести доаѓаат од Наполи околу ситуацијата со Елиф Елмас. Тој денеска се приклучи на својот тим, и тренираше со смален интензитет, но согласно најавите ќе биде во комбинација за дуелот со Милан кој се игра во недела во 20:45 часот.

Елмас ги одигра последните два меча со Грузија и со Естонија, но после мечот со Естонците почувствува затегнување на задната ложа. Беше во прашање дали ќе патува во Никозија, и стана јасно дека тој нема да им помогне на своите соиграчи за утрешниот меч.