Томас Тухел се чини со право сега во својот мобилен телефон го нема бројот на Леонардо, директорот на ПСЖ. Велиме со право, ако се знае, барем според „Франс Фудбал“, што направил кога бил тренер во Дортмунд. Имено тој имал големи несогласувања со директорот на „милионерите“. Михаел Цорк. Па така еден ден му текнало на еден од најдобрите тренери во светот да напише порака и да му ја прати на Олаф Мекинг, својот секретар. Во таа порака Тухел напишал се најлошо за Цорк. Сепак таа порака не стигнала до секретарот, туку до Цорк. Тухел го утнал бројот, па така наместо СМС пораката да ја прати на секретарот, тој ја пратил на Цорк. И кога Цорк прочитал и сфатил што мисли тренерот за него, уште утредента му врачил отказ.

Веројатно ова е приказна на година или глупост на годината.