Убав крај, со победа и три освоени бода на нашата У-21 репрезентација на квалификациите за ЕВРО 2021. Иако не се пласиравме, сепак и второто место е добар резултат, пред нас е само Шпанија.

На тие десет меча против Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Ф. Острови освоивме 18 бодови. На пет меча победивме, тука го сметаме и денешниот со Црна Гора од 2:1, а стрелци на головите беа Ѓорѓиевски и Миовски. Потоа во три наврати ремизиравме а само двапати загубивме од силната Шпанија.

Има во оваа селекција квалитет за високи дострели, голем број од овие момци набргу ќе тропнат на вратата од А селекцијата.