Почетокот на тениската сезона може да биде одложен поради одлуката на австралиската влада да не дозволува влез во земјата на спортисти од други земји во текот на цел декември. Со оваа опција, тенисерите нема да имаат време да поминат задолжителни две недели изолација во Австралија и во најдобар случај, единствено би можел да се одржи Австралија опен, додека другите турнири ќе бидат одложени.

Властите стравуваат дека доаѓањето на голем број спортисти ќе предизвика нов бран на коронавирусна инфекција. Во Мелбурн не е откриен ниту еден случај на инфекција со Ковид-19 изминатата недела.