Македонскиот национален тим со пораз се враќа од Никозија, на гостувањето кај Ерменија. Прв пораз со кој го загубивме првото место, кое сега им припадна на Ерменците и тие одат во Б групата во Лигата на Нации.

Не одигравме како што посакувавме, особено не во вториот дел. Одбраната беше сигурна, освен за голот и по него, претходно ги држевме на дистанца. Од друга страна и ние бевме добро сопирани, па „бомбите“ на Трајковски од далеку беа единствената закана во првиот дел.

Откако Ерменија го постигна голот, се случи целосен пад, а дополнително и измените придонесоа, со оглед дека некои за прв пат играа заедно во националниот тим.

Но, утеха, и тоа голема е пласманот на Европско првенство.

Еве фотографии од денешниот меч:

ФОТО: ФФМ