Стефан Ристовски е пред заминување од таборот на Спортинг Лисабон, откако денеска португалските медиуми објавија дека за него дефинитивно нема место во првиот тим.

Рубен Аморим, тренерот на „зелено-белите“ засекогаш ја затвори вратата за Македонецот, пренесуваат медиумите.

Ова е лоша вест за десниот бек кој што и натаму продолжува да биде дел од Б тимот. Иако имаше најави дека можеби ќе биде вратен, сепак, до тоа нема да дојде, и тој останува „замрзнат“. Па, големи се шансите да биде продаден во јануарскиот преоден рок.

За него имаше интерес од Русија, меѓутоа на крајот остана дел од Спортинг.