Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ го освои првиот пехар во новата сезона. Неговиот клуб, екипата на Астана, по осмипат успеа да го освои Купот на Казахстан.

Во финалето одиграно денеска, Астана беше доминантна на средбата со Тобол и славеше со убедливи 102:66, не оставајќи им на гостите ниту надеж за подобар исход.

Рајковиќ продолжува да бележи успеси со тимот каде почна со работа во 2018 година.