Викендов по двонеделна пауза продолжува ПМФЛ со 12. коло. Во ова прво коло од вториот круг, главен меч е оној во Тетово каде се среќаваат првата Шкендија и вториот Шкупи. Тоа се двете екипи кои во изминатиот дел од тековниот шампионат покажаа најмногу и две екипи кои веројатно до крајот ќе се борат за титулата. Посебно интересно ќе биде ако чаирачни победат, во спротивно пак Шкендија ќе избега дури пет бода пред Шкупи.

И во двата клуба напорно се работеше во оваа пауза, Шкупи дури беше и на еднонеделни подготовки во Дојран. Тетовци пак си имаа “проблеми“, ако се знае дека дури тројца од нивниот табор беа ангажирани во А репрезентацијата, и тоа Бејтулаи, Дориев и Тотре.

Кога сме кај Шкендија да кажеме дека стратегот Ернест Ѓока на дуелот со Шкупи нема да може да смета на еден од неговите клучни играчи, а тоа е интернационалецот од Словачка, Јан Кривак. Тој ќе го прескокне ова дерби поради тоа што има пет жолти картони и ќе мора да паузира. Додека кај Шкупи поради „жолтица“ нема да настапи Ардит Илјази.