Енис Барди нема потреба да оди на операција, но ќе мора да мине извесен период на лечење на повредата на грбот. Не е познато колку ќе биде тоа, а најлошите прогнози велат дека македонскиот интернационалец ќе биде во „аут“ до  крајот на годината.

Неговиот тренер Пако Лопез денеска на прес-конференција изјави дека е добро што Барди нема да оди на операција, а се огласи и Барди.

„Се гледаме наскоро на теренот. Ќе се вратам уште посилен“, напиша Барди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)