Подготовките за Европското првенство може да почнат. Дел од љубителите на фудбалот веднаш по историскиот успех на македонската репрезентација се фатија за работа, почнаа до кројат планот, како до Букурешт и Амстердам.

Од авио-компанијата „Визер“ денеска испратија сопштение, токму за оние кои планираат од лице место да ги бодрат нашите фудбалери. Ќе има директни летови од Скопје до Букурешт и Амстердам.

Македонија е во група Ц заедно со Австрија, Холандија и Украина.

Сите детали за билетите можете да ги прочитате на официјалната страница на авио-компанијата.