Ракометарките на Куманово забележаа убедлив пораз на првиот меч во 1/16 финалето во Европскиот куп од Галичанка Лвов со 33-17. Македонскиот клуб одигра добро прво полувреме во кое имаа негатива од три гола 11-8, по што беа целосно надиграни.

Противникот по одморот ја наполни мрежата на македонската екипа со 22 гола, одбраната целосно потфрли, а ништо поразлично не беше ниту во нападот. Со оваа негатива Куманово пред реваншот кој е закажан за во недела ја завршува својата европска авантура.

Александра Боризовска и Мила Трајковиќ со по четири гола. Кај противникот, Полјак постигна осум гола, Дмитришин седум.