Австралија е во друга димензија кога станува збор за публика на трибините во време на пандемија коронавирус. Рагби меч во оваа земја поточно во градот Бризбејн го проследија 50.000 луѓе на трибините.

Ова е најголема бројка на фановите на еден меч во целиот свет од почетокот на Ковид-19, ретко кој се осмели да ги наполни салите или пак стадионите.

Но, во оваа земја состојбата со пандемијата коронавирус е помирна, според статистиката, во последните месец дена имало 380 позитивни и два смртни случаи, што пак е далеку од она што се случува во целиот свет. Токму ваквата ситуација им дозволи да ги наполнат трибините без да се грижат за последниците.

Од почетокот на Ковид-19, Австралија имала 27.785 позитивни лица и 907 смртни случаи.