Следен репрезентативен настан не само за Македонската фудбалска репрезентација туку воопшто за сите селекции, ќе биде ждрепката за квалификациите кои ќе одлучат кој ќе биде дел од следниот Мундијал, закажан за 2022 година во Катар.

Ждрепката е закажана за 7 декември но за разлика од досега истата овојпат ќе се одвива онлајн односно нема да има претставници на фудбалските сојузи, односно репрезентации.

Ова е сосема нормална одлука со оглед на моменталната ситуација односно пандемијата која владее ширум светот во моментов.

Македонија се наоѓа во четвртиот шешир, ги очекуваме наскоро противниците за следниот квалификациски циклус кој стартува со мечеви напролет.