По репрезентативната пауза викендов продолжува Македонскиот фудбалски шампионат. На проргамата е дванаесеттото коло, во кое еден од главните мечеви се игра во Велес, каде што ќе се сретнат екипите на Борец и Вардар.

Меч кој во моментов ако се погледне табелата го става Борец во фаворитска улога но така може само тотален лаик да размислува. Вардар е Вардар, во секоја ситуација и така мора да биде истретиран.

„Нормално е дека не се залажуваме со фактот што во моментов Вардар имал или немал некакви проблеми. Тоа е најтрофејниот Македонски клуб и мора да биде така истретиран. Ние сме мотивирани до максимум на овој меч да се претставиме во најдобро светло и да освоиме нови три бода. Нам не ни менува многу со кого играме, затоа што на домашен терен ние сакаме да победуваме цело време и се стремиме кон тоа. Имаме капацитет и квалитет според мене да му се спротивставиме на секого, па и на Вардар. Тоа е клубот од моето детство таму јас минав многу години и нормално е да сакам да се докажам уште повеќе токму против него. Нема да биде лесно, напротив, противникот има квалитет, но ние мислам дека сезонава и повеќе од доволно покажавме дека сме тим за највисок пласман што самата табела и го покажува тоа“,  вели Никола Ристески.

Велешани без Силва на овој меч, Борец ќе биде ослабен на овој натпревар кој се игра утре од 13 часот, затоа што нема да може да смета на услугите на Бразилецот Силва кој има пет жолти картони.