Светската куќа на фудбалот ФИФА, на 17. декември ќе ги прогласи најдобрите за 2020 година, односно најдобриот фудбалер, фудбалерка, најдобриот тренер во машка и во женска конкуренција.

Лани Меси и Клоп ги однесоа наградите, а менаџерот на Ливерпул и во оваа година е еден од фаворитите кога е тренерската награда во прашање, додека исто така еден од фаворитите е и Ханс Флик, тренерот на Баерн Минхен.

Интересно е тоа што ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо не се фаворити за освојување на наградата. Главен фаворит и голгетерот на Баерн Минхе, Роберт Левандовски.