Првите луѓе во Формула 1 планираат да ја прошират сезоната на 24 трки, со одредена ротација на патеките, најави извршниот директор Чејс Кери.

Следната сезона ќе има рекордни 23 трки во календарот, се разбира, во зависност од развојот на настаните во случај на пандемијата на коронавирусот.

Сепак, во годините што доаѓаат, бројот на трки може да биде уште поголем.

„Очекуваме да се преселиме на календар со 24 трки во следните неколку години и веројатно ќе ротираме неколку трки, за да можеме да добиеме неколку нови партнери“, рече Американецот.

„Но, тие ќе бидат ограничени, бидејќи долгорочните партнерства ќе продолжат да бидат наш приоритет“, додаде Кери.

Формула 1 никогаш немала повеќе од 21 трка во една сезона, а проширувањето на календарот предизвика загриженост поради обемот на работа на членовите на тимот.