Репрезентацијата на Австрија е победник на првото екипно натпреварување во ски-скокови во Светскиот куп. Австријците во состав Михаел Хајбок, Филип Ашенвалд, Даниел Хубер и Штефан Крафт собраа 1078 поени и триумфираа на скокалницата „Малинка“ во Висла, Полска. Втор е олимпискиот вицешампион во оваа дисциплина од Пјонгчанг 2018 Германија со 1069,3 поени. Трети беа домаќините Полска со 1061,5 поени. Топ 5 го комплетираат Норвешка и Јапонија.

Утре во Висла е индивидуалните скокови.