Како што беше претходно најавено, тимот на Вардар Форино кој се натпреварува во втората по ранг Македонска фудбалска лига Запад денеска нема да го одигра мечот против Влазрими на домашен терен.

Предмалку беа објавени официјалните записници на екипите, а во графата домаќин кај Вардар Форино нема фудбалери што и официјално го прави овој меч да не се одигра.

Нормално ќе следува решавање на овој натпревар со службен резултат за Влазрими и автоматска казна за Вардар Форино, а какви потези потоа ќе повлечат органите на ФФМ по овој проблем останува да видиме.