Попладнево се одиграа сите пет средби од 12.коло во ВМФЛ. Во Штип, домашниот состав на Брегалница со 3:0, резултат од првиот дел експресно ја совлада екипата на Кожув. Кудијан со два и Кудев со еден гол донесоа нова радост за штипјани и новиот тренер Марјан Секуловски, кој сега има две победи од двата меча како стратег на “сините“.

Ако Брегалница победи супериорно, тогаш Тиквеш се изнамачи. Се до финишот беше 1:1 на мечот со Осогово, и тогаш Темелков и Мишов стрелаа за победа од 3:1. Сепак Брегалница и натаму е прва пред кавадарчани со два бода предност.

Кит Го во Пехчево со ефектни 3:0 славеше против Росоман, Дујовски, Мичковски и Ступиќ беа стрелци. Со истиот резултат Слога Виница дома ја торпедираше Плачковица, а Победа и Каменица Саса одиграа 2:2. Прилепчани се спасија со гол од пенал во 93.минута и тоа со голот на Благојче Дамевски.

РЕЗУЛТАТИ -12. КОЛО

КИТ ГО – РОСОМАН 3:0

ПОБЕДА – КАМЕНИЦА САСА 2:2

СЛОГА (В) – ПЛАЧКОВИЦА 3:0

БРЕГАЛНИЦА – КОЖУФ 3:0

ТИКВЕШ – ОСОГОВО 3.1

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 32

2.ТИКВЕШ 30

3.КОЖУФ 18

4.СЛОГА В 16

5.КИТ ГО 15

6.ОСОГОВО 13

7.ПОБЕДА 12

8.САСА 12

9.РОСОМАН 8

10.ПЛАЧКОВИЦА 6