Денеска се играат сите пет натпревари од 12. коло во ВМФЛ – ИСТОК. Интересно е тоа што меѓусебе се среќаваат првите четири екипи на табелата. Првата Брегалница го дочекува третиот Кожуф, а вториот Тиквеш пак на свој терен игра со Осогово. Секако дека дербито се игра во Штип, каде Брегалница е решена да освои нови три бода во дуелот со гевгеличани кои важат за состав кого секого можат да изненадат. Иаку ова ќе биде втор меч за штипјани под водство на новиот тренер Марјан Секуловски.

Тиквеш е под голем притисок. Иако е голем фаворит против Осогово, сепак треба да се знае дека момците на тренерот Раде Цицмиловиќ не смеат ни во сон да помислат дека може да играат реми или пак да загубата. Овој натпревар се игра во Неготино.

Екипата на Кит Го на свој терен, во Пехчево, го дочекува тимот на Росоман, нема тука дилеми дека императив на домашниот состав се трите бода. Интересно ќе биде во Виница каде домашната Слога се среќава со Плачковица, додека во петиот меч од ова коло во Прилеп играат Победа и Каменица Саса.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 13:00 Ч

КИТ ГО – РОСОМАН

ПОБЕДА – КАМЕНИЦА САСА

СЛОГА (В) – ПЛАЧКОВИЦА

БРЕГАЛНИЦА – КОЖУФ

ТИКВЕШ – ОСОГОВО

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 29

2.ТИКВЕШ 27

3.КОЖУФ 18

4.ОСОГОВО 13

5.СЛОГА (В) 13

6.КИТ ГО 12

7.ПОБЕДА 11

8.КАМЕНИЦА САСА 11

9.РОСОМАН 8

10.ПЛАЧКОВИЦА 6