И покрај тоа што имаше многу проблеми со заразени од коронавирус, Лацио победи на гостувањето кај Кротоне со 0:2. Головите ги постигнаа Имобиле и Кореа, по еден во двете полувремиња.

Покрај тоа, теренот беше тежок за игра поради дождот во првиот дел, но тоа не им пречеше на играчите на Лацио, и покрај тоа што се ослабени, да дојдат до важни три бода.

Ова беше прв меч за Имобиле после паузата од шест меча поради позитивен тест на Ковид-19.