На промоцијата на автобиографијата на Синиша Михајловиќ откриени се непознати детали од кариерата на српскиот тренер. Еден од гостите на промоцијата беше и Златан Ибрахимович, а Миха се потсети на еден момент од периодот кога играа еден против друг.

Играа Јувентус и Интер и се спречкавме на терен. Потоа тргнав кон соблекувалната на Јувентус, сакав да го убијам, или кој знае, можеби тој ќе ме убиеше мене. Ме спречи Буфон во последен момент. Но потоа дојде во Интер и станавме пријатели“, откри Михајловиќ.

Постоеја информации дека Ибрахимовиќ ќе ја засили Болоња во текот на летото, но тоа не се случи.

Тоа ќе беше неверојатен трансфер, но Ибра е преголем за Болоња. Остана во Милан. Штета, да не беше Милан, можеби ќе дојдеше кај нас. Ми рече дека ќе ми се јави кога ќе одлучи и си го одржа зборот“, рече српскиот стратег.