Иако малку подоцна од најавеното, пред сè поради неповолната здравствена ситуација во Италија, но и другите делови од Европа која ја донесе пандемијата на коронавирусот, предводникот на селекцијата на Италија, Мео Сакети, излезе со официјалниот список на играчи на кои ќе смета за мини подготовките и настап на претстојниот ноемвриски „прозорец“ на ФИБА.

За турнирот од 28 до 30 ноември, во Талин, италијанскиот селектор се определи за 16. имиња. Во најголем дел ана оние на кои сметаше и за првите два натпревари во оној квалификациски циклус за место на Евробаскетот 2022 година кој ќе се одржи во четири различни земји.

Свјот прв собир, популарните „аѕури“ ќе го имаат на 23 ноември во Рим. Два дена подоцна патуваат за Талин, каде на 28. ноември, од 15 часот, е дуелот со нашата селекција, а два дена подоцна и оној против Русија.

На пат за Естонија, на 25 ноември, Сакети ќе поведе само 12 кошаркари.