По двонеделна пауза поради настапите на нашите репрезентации, викендов продолжуваат возбудувањата во нашата ПМФЛ, и тоа со мечевите од 12.коло, или прво во вториот круг. Денеска (13 часот) се игра само еден меч и тоа во Велес каде се среќаваат Борец и Вардар. Интересен меч е за очекување, и можеби првпат во историјата на двата клуба велешани се мали фаворити. И тоа од безброј причини, а неколку од тие се добрата форма на составот на тренерот Горазд Михаилов, потоа проблемите во Вардар, но и амбициите на Борец за првпат да го победи нашиот најтрофеен клуб на свој терен. Досега овие две екипи одиграле 12 меча, Борец има само две победи, Вардар шест а четирипати натпреварите завршиле без победник.

Од друга страна Вардар секако дека има свои амбици. Овој меч не смее да го загуби, во спротивно ќе се најде во ситуација жестоко да се бори за опстанокот во Лигата.

Секако дека вардарци имаат и еден дополнителен мотив, а тоа е со победа и добра игра да му го честитаа роденденот на својот тренер Александар Васоски, кој денеска полни 41 година.

Па ќе видеме дали ќе успеат во тоа.

Да кажеме дека сите останати мечеви од 12. коло се играат утре, исто од 13 часот.