Познатиот шпански глумец, Антонио Бандерас е подготвен да ја купи Малага. Тој пред тамошните медиуми откри дека во иднина може да се обиде да го превземе тимот, кој потекнува од неговиот роден град.

Малага минува низ тешки времиња, има големи финансиски проблеми, а одлуките на претходните сопственици го донесоа клубот да се бори за опстанок во Секунда дивизија.

„Во моментов мислам на театрарот и неговиот развој, но не ја исклучувам можноста за превземање на Малага. Се ќе зависи од новите инвеститори, на овој тим му недостасува индетитет. Некој мора да го фати бикот за роговои и да оди напред. Децата кој ги бранат тимските бои добро се снаоѓаат. Имаат харизма, играа колку што можат, но тие не можат да направат ништо околу проблемите кои нас не погодуваат“.