Во пресрет на денешниот дуел меѓу Шкендија и Шкупи, ова е дербито на 12. коло, чаирчани се максимално расположени. Сесни се дека поседуваат квалитет за големи нешта, свесни се дека, се разбира ако го дадат максимумот, можеби под Шара ќе дојдат и до трите бода. Точно е дека Шкендија го има најдобриот тим во Лигата, но Шкендија не никаков баук.

Капитенот на чаирчани Бесар Исени на неколку часа пред денешниот дуел коментира:

Верувам дека оваа двонеделна пауза ја искористивме максимално. Она што не беше добро во нашата игра се обидовме да го поправиме. Во тимот владее позитивна атмосфера, на секој меч се обидуваме да освојуваме бодови. Видете, мечевите со Шкендија отсекогаш биле тешки за играње, досега сме победувале, сме играле нерешено со оваа екипа.Овојпат одиме во Тетово да победиме,одиме по трите бода, тука нема дилеми. Ќе бидеме хендикепорани поради неиграњето на неколку играчи, но тие што ќе добијат шанса секако дека ќе го дадат својот максимум“ истакна капитенот на Шкупи.

Илјази поради картони сигурно нема да настапи, додека во петокот на тренингот се повредија Наумовски, Глишиќ и Џулу, па така нивниот настап е под голем знак прашалник.