Дали конечно по 15 август, значи по повеќе од три месеци Работнички ќе победи како домаќин во ПМФЛ сезонава. Досега “романтичарите“ одиграа пет натпревари дома, и имаат само една победиа и тоа со Беласица и дури четири ремија. Се чини дека време е конечно Работнички да победи, и тоа против никој друг туку против Македонија ЃП која сезонава игра одлично. Работнички ќе оди на победа и против својот, во два наврати, екс стратег а тоа е Жикица Тасевски. Работнички се уште не го заборавил оној пораз во 1.коло сезонава кога во последните секунди во Ѓорче тогаш домаќинот незаслужено победи.

Значи “романтичарите“ ќе имаат мотиви до небо, треба само да одиграат како на последните два меча со Шкендија и Шкупи, мега талентот Лука Станковски да ја продолжи голгетерската серија и се ќе биде во ред за составот на тренерот Ратко Достаниќ.

Мечот се игра денеска на Националната Арена “Тодор Проески“ со почеток од 13 часот. Овие три бода на Работнички му се повеќе од потребни, во спротивно работите се компликуваат за клубот од Градски парк.