Се случи и тоа. По повеќе од една деценија Драган Аџиќ повеќе не е тренер на жензкиот тим на Будуќност. Еден од најпознатите тренери во женскиот ракомет го напушти кормилото по поразот од Ѓер и со тоа стави крај на цела една ера во своето работење.

Будуќност сезонава не игра во најдобра форма и тоа беше видливо, па Аџиќ се реши во корелација со раководствто на клубот дека е време за промени.

Аџиќ и Будуќност освоија многу титули, две во Лигата на Шампионите, а тој беше прогласен и за најдобар Европски тренер.