Откако актуелниот шампион во НБА-лигата, ЛА Лејкерс го потпиша Монтрезл Харел, кој според многумина е најдобар резервен играч, градскиот ривал веднаш најде замена.

Нов играч на Клиперси е Серж Ибака. 31-годишниот крилен-центар во последните две години играше за Торонто со кого во 2019 година ја освои титулата, а сега ќе биде тандем со најзаслужниот играч за тој подвиг, Кавај Ленард.

Ибака потпиша двегодишен договор вреден 19 милиони долари, во втората сезона тој ќе може да одлучи дали ќе остане или пак ќе замине во друг тим.