Барселона загуби ново дерби. По Реал Мадрид, Каталонците беа поразени од Атлетико Мадрид со 1-0, со голот на Јаник Караско во судиското продолжение од првото полувреме и несфатливата грешка на Германецот Тер-Штеген.

„Имавме две чисти шанси да изедначиме. Се согласувам дека тоа не е многу, но секогаш е тешко да се создаваат шанси против ваков тим. Добро се брани. Голот го постигнаа на наа грешка.

Ја имавме топката, беше 0-0, ја изгубивме и ни дадоа гол. Тоа не смееше да се случи. Како секој тренер јас сум одговорен, мораме да ги поправиме резултатите. Работиме, се обидувам да го ставам најдобриот тим на секој меч, што можам повеќе да направам?“, рече Куман.

Барселона по вчерашниот пораз е на десетото место на табелата.