По двонеделна пауза поради настапите на нашите репрезентации, викендов се играат натпреварите од 12.коло во ПМФЛ, или прво од вториот круг. Вчера Вардар со 2:0 го победи Борец среде Велес, а денеска на програмата се останатите пет мечеви од ова коло. Секако дека најинтересно ќе биде во Тетово каде играат Шкендија и Шкупи, исто така интересно ќе биде на скопското дерби во кое се среќаваат Работнички и Шкупи.

Сепак еден од најважните мечеви во ова коло се игра во Струмица, каде се среќаваат Академија Пандев и Пелистер. И двете екипи се под огромен притисок ако се знае каде се наоѓаат на табелата во моментов. Секој пораз за една од две екипи ќе биде речиси катастрофа.

Струга Трим Лум покрај Охридското езеро ја дочекува екипата на Ренова. На хартија момците на стратегот Срѓан Захариевски се фаворити, но исто така факт е дека и покрај лошиот пласман на табелата момцките на тренерот Бујар Османи и тоа како знаат да одиграат добар натпревар и да победат. На овој меч се е можно, секој резултат е во игра.

Како што им “гори“ на Академија Пандев и Ренова, така исто му “гори“ и на Силекс. Тим кој запошна одлично сезонава, но потоа дојде неверојатната криза, па така сега кратовци од битка за титулата ќе мора да водат битка за опстанок, посебно ако денеска не слават над Беласица, екипа која не смее да се потцени, исто екипа која иако е последна игра растоварена од секаков притисок. И токму затоа е опасна.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 13:00 ЧАСОТ

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

СИЛЕКС -БЕЛАСИЦА

А.ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР

СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

ВЧЕРА:

БОРЕЦ – ВАРДАР 0:2

ТАБЕЛА

1.ШКЕНДИЈА 25

2.ШКУПИ 23

3.МАКЕДОНИЈА ЃП 22

4.БОРЕЦ 19

5.СТРУГА ТЛ 16

6.ВАРДАР 16

7.СИЛЕКС 14

8.РАБОТНИЧКИ 13

9.ПЕЛИСТЕР 12

10.РЕНОВА 8

11.А.ПАНДЕВ 7

12.БЕЛАСИЦА 5