Ражон Рондо е нов кошаркар на Атланта Хокс. Плејмејкерот кој имаше важна улога во освојувањето на титулата на ЛА Лејкерс ги напушти редовите на првакот и стави потпис на двегодишен договор со Атланта.

Рондо ќе добие 15 милиони долари за двете сезони минати во дресот на новиот тим. Тој со Лејкерси ја освои втората титулата во својата кариера, претходно тоа го стори со Бостон. Тој во просек постигнуваше 7,1 поен и 5,3 асистенции по натпревар.