Попладнево и вечерва се играат дел од натпреварите од 8.коло во Серија А. За нас секако дека ќе биде интересно со оглед на тоа дека за во 18 часот во Удине, е закажно “Македонското дерби“ помеѓу Удинезе и Џенова, значи се среќаваат еден против друг Илија Несторовски и капитенот на нашата репрезентација Горан Пандев. Нестор -гол веројатно одново нема да биде стартер, но се очекува да добие шанса во текот на мечот. Инаку и двете екипи се во долниот дел на табелата во Серија А, па така и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни.

Вечерва од 20:45 часот во Неапол, се игра големото дерби меѓу Наполи и Милан. Значи нашиот Дијамант го очекува Златан Ибрахимовиќ на „Сан Паоло“. Се очекува жестока битка.