Жерарс Пике се повреди на дуелот против Алтлетико Мадрид, настрада неговото колено. Искусниот стопер остана да лежи, неговите солзи и болна гримаса најавија дека не е добро.

Напаѓачот на Атлетико, Кореја падна директно врз ногата на Пике, кој пак беше свесен дека го чека долга пауза. Првичните информации велат дека има оштетување на лигаментите на коленото, што значи дека надвор од терените ќе биде најмногу шест месеци.

Во текот на денешниот ден се очекуваат и официјални информации од клубот.