Денеска во 13 часот, на Градскиот стадион во Тетово, ќе се одигра супер – дербито меѓу Шкендија и Шкупи. Тоа се нашите првопласирани екипи во ПМФЛ. Тоа се нашиите две екипи, кои според квалитетот, амбициите и големината, се единствените кои оваа сезона ќе атакуваат на титулата. Шкендија игра дома, Шкендија можеби е мал фаворит на хартија, на Шкендија и одговара и реми ако сака да го задржи првото место, со оглед на тоа дека има два бода предност пред чаирачни. Но Шкендија никогаш, или ретко кога, знае да калкулира. Како најдобар наш клуб во моментов Шкендија има обврска да оди на победа. А кога ги имаш во своите редови Ибраими, Алими, Тотре, Бејтулаи, Дориев, Захов, Ахмеди и останатите како и би калкулирал.

Шкендија сепак има проблеми со составот, клучниот дефанзивец Јан Кривак има пет жолти картони, па не ќе може да настапи. Останатите сите се фит, сите ќе може да играат на ова големо дерби, веројатно дерби и на полусезоната.

Досега овие две екипи во поново време одиграле 21 натпревар. Шкендија има 13 победи, пет ремија и само три порази. И тоа само еден под Шара. Интересно, на десетте одиграни мечеви како домаќин против Шкупи, Шкендија има 8 победи, само едно реми и само еден пораз.

Значи Шкупи е на потег…

Во секој случај ќе биде супер интересно. Ако победи Шкупи ќе го запоседне врвот на табелата и ќе го направи првенството уште поинтересно, ако пак Шкендија победи тогаш ќе има пет бода предност и веројатно некои работи ќе бидат појасни.

ИБРАИМИ VS ДАРБО

На овој меч ќе се спротистават еден против друг и најдобрите стрелци во ПМФЛ. Бесарт Ибраими и Дембо Дарбо. И двајцата напаѓачи на Шкендија и Шкупи имаат по 10 постигнати голови. И двајцата важат за клучни играчи на своите тимови во нападот. Обично кога тие даваат голови нивниот тим победува, веројатно така ќе биде и овојпат. И Бесарт и Дарбо се многу важни за своите тимови. Нас ни останува, покрај ТВ, само уживаме во ова дерби на полусезоната, во битката меѓу Шкендија и Шкупи, и секако во битката за тоа кој е подобар во моментов, Бесарт Ибраими или Дембо Дарбо.