Вардар Форино, членот на Втората лига – запад ги минува најтешките денови во последно време. Поради недостаток на финансии, неисплатени плати кон играчите, минатиот викенд не го одигра мечот од 12.коло со Велазереми, па затоа и загуби со службени 0:3.

Во случај утрешниот меч против Кораби исто така да не го одигра, односно играчите да не се појават на теренот во 13 часот, за кога е закажан мечот со тимот од Дебар во рамките на 13.коло, тогаш јасно е што следува. Имено следува исклучување на овој клуб во најнизок ранг, односно во општинска лига.

Токму затоа од вчера раководството на клубот, преку официјалниот клубски фејсбук, ги моли сите фанови на Вардар Форино да донираат одредени парични средства со цел утрешниот натпревар со Кораби да се одигра.

Ќе видиме дали овие молби ќе бидат услишани или пак клубот ќе биде исклучен.