Промените во хиерархијата на Манчестер Јунајтед ќе донесе промена и на позицијата, спортски директор кај „црвените ѓаволи“. Неколку угледни британски медиуми објавија дека Манчестер Ј. сериозно влегува во преговори со Марсел Брендс, актуелниот спортски директор на Евертон.

Холанѓанецот им се приклучи на „карамелите“ во 2018 година, кога го напушти ПСВ Ајндховен, а оваа позиција ја имаше и во РКЦ Валвијк и АЗ Алкмар. Договорот на Брендс со Евертон истекува на крајот на сезоната, а тој го импресионираше Ед Вудворд со некои свои потези ова лето, вклучително и привлекување играчи како Хамес Родригез од Реал Мадрид, Алан од Наполи и Абдула Дукуре од Ватфорд.