Вардар 1961 со убедлив пораз се враќа од гостувањето кај Келце беше совладан со 36-29. Македонскиот клуб остана на шестото место на табелата со два порази, победа и реми. Одбраната беше целосно „разоружана“, „црвено-белите“ тргнаа добро, но потоа целосно паднаа.

„Одигравме добро само на стартот на мечот, по што имавме проблем со транзиција во вториот дел од првото полувреме. Мислам дека во тој момент Келце ја имаше најдобрата транзиција, знаеше како да не казни. Во вториот дел се обидовме со седум на шест, имавме и проблеми да организираме квалитетен напад. Имавме проблем со одбраната, игравме без енергија, особено во игратата еден на еден, на крајот ова е реалниот резултат“, изјави Алушовски.

Патрик Валчак вели дека на Келце му отвориле голем простор за лесни голови…

„Честитки до Келце за победата, мислам дека имавме добар старт, по што тргна лошо, почнавме да правиме лесни грешки, изгубивме многу топки, им дозволивме лесни голови на Келце од контранапад. Тоа беше најважната работа за нив, тоа би сакал да кажам“.