На 27 октомври, претседателот на Барселона, Хосеп Бартомеу се повлече од функцијата. Од тој ден, па се до денеска, траат шпекулациите околу името на неговиот наследник. Меѓу претендентите за испразнетото место се повеќе имиња, а букмејкерите веќе ги одредија своите фаворити.

Според коефициентите понудени за обложување, прв фаворит за наследник на Бартомеу е Виктор Фонт, кој веќе се појавува со низа изјави околу тоа што ќе направи ако стане претседател на каталонскиот гигант. Претприемачот вели дека тој веќе разговарал со Феран Сориано (извршен директор на Манчестер Сити) и му рекол дека може слободно да заборави на Меси и да бара алтернатива.

„Меси ќе остане и ќе ја освои Лигата на шампионите со нас“, тврди Фонт.

Во продолжение еве ја листата на кандидати за нов претседател на Барселона и нивните шанси според букмејкерите:

Виктор Фонт – 3,00 (претприемач);

Жоан Лапорта – 4,33  (претседател на Барселона од 2003 до 2010 година);

Агусти Бенедито – 7,00  (претприемач, двапати се кандидираше за претседател на клубот);

Ентони Фреикса – 8,00  (адвокат; член на бордот на директори во ерата на Лапорта);

Хавиер Вилахона – 11.00 (директор на младинскиот и женскиот тим на Барселона);

Емили Русо – 13.00 (бизнисмен);

Луис Фернандез – 15.00 (бизнисмен).