Е.Пелистер не успеа да дојде до победа на гостувањето кај РНЛ. Бундес-лигашот ја потврди фаворитската улога, славеше со 28-20, а битолчани си заминаа со празни раце. Како утеха за поразот, доаѓаат номинациите на ЕХФТВ по завршување на четвртото коло, а ракометарите на Е.Пелистер редовно ги има.

Овој пат Томислав Кушан се најде во Топ 5 листата на најдобри погодоци, неговиот гол се најде на третото место.